Сите очекуваа да се пензионира, а тој си направи трансфер во – Индија!


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Искусниот играч Тим Кејхил уште нема намера да ја заврши својата кариера, зашто пронајде нов ангажман.

Кејхил по Светското првенство се прости од репрезентацијата на Австралија и многумина веруваа дека ќе ја заврши својата кариера летово. Меѓутоа, 38-годишниот играч нема намера да се пензионира.

Поранешниот фудбалер на Евертон се пресели во Индија, каде што потпиша договор на една година.

„Среќен су што можам да кажам дека кариерата ја продолжувам во Индија во Јамшедпур. Клубот се потруди да ме ангажира и многу ми се допадна тоа што се професионални“, кажа Кејхил.