Сите шанси на Македонија против Шпанија (Видео)

Високиот пораз од 5:0 против Шпанија не е реална слика на одразот на силите на теренот.

Македонија не беше инфериорна како што кажува резултатот. Момите на Благоја Милевски креираа многу шанси, но за жал не успеаја да го совладаат Кепа Аризабалга.

По натпреварот и репрезентативците на Македонија, но и противничките играчи на Шпанија беа согласни во ставот дека резултатот не беше реален.

Дека Македонија заслужи да се радува на погодок дециден беше и селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Алберто Селадес: „Македонија играше многу добро, тие се добар тим и сакам да му честитам на нивниот тренер кој врши одлична работа.

Тие се група многу добри играчи, имаат одлична организација, играат како тим, но со индивидуални квалитети. Играа многу добро посебно во првото полувреме кога имавме потешкотии во играта. На полувреме заминавме со предност од 3:0 но веројатно и тие заслужија да се радуваат на погодок.“

Во продолжение погледнете ги шансите кои ги имаше Македонија да го совлада голманот на Атлетик Билбао.