Сити извиси, ПСЖ утре го претставува Дани Алвеш


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Од таборот на Пари Сен Жермен за утре закажаа прес конференција на која се очекува да биде претставен Дани Алвеш.

34 годишниот Бразилец беше пред трансфер во Манчестер Сити откако го раскина договорот со Јувентус, но во последен момент се појави и ПСЖ кој успеа да го „украде“ бекот.

Како што дознава „Скај Спортс“ Манчестер Сити сега со сите сили ќе тргне по десниот бек на Тотенхем, Кајл Вокер.