Сити каде што застана лани продолжи и оваа година- освоен Комјунити Шилд трофејот (видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот сезонски трофеј во Англија го освои тимот на Манчестер Сити откако со 2:0 славеше против Челси во рамките од Комјунити Шилд Купот.

Најдобриот англиски тим од минатата сезона каде што застана лани продолжи и годинава, а творец на победата беше Серхио Агуеро со два гола во 13 и 58 минута.

Средбата беше навидум пријателска и немаше многу жар и борба, но овој трофеј со сигурност ќе влее самодоверба во таборот на Манчестер Сити.