Сити му ја „подари“ титулата на Ливерпул, прекината победничката серија на Солскјер


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити претрпе неочекуван пораз од 2:1 против Њукасл и со тоа значително се оддалечи од шансите да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ први дојдоа до водство преку Серхио Агуеро, но потоа избраниците на Бенитез со головите на Рондон и Ричи дојдоа до целосен пресврт.

Вистинска лудница се одвиваше на „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед во финалните минути ја анулираше предноста на Барнли од 2:0 и стигна до реми од 2:2.

На „Кревин Котиџ“ пак Фулам победи со 4:2 против Брајтон, но интересно е тоа што гостинскиот тим на полувреме имаше предност од 2:0.