ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола планира овој јануари да го донесе играчот на Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорте.
„Скај Итлаија“ пишува дека „граѓаните“ се подготвени да платат 60 милиони фунти колку што изнесува неговата откупна клаузула.
Манчестер Сити бара нови стопери, а прв пик е токму францускиот интернационалец. Весникот пишува дека разговорите продолжиле денеска и дека истите се во напредна фаза.
За 23 годишниот играч постои интерес речиси од сите големи европски клубови, пред се Реал Мадрид и Барселона, но се чини дека Манчестер Сити ќе ја добие битката за Лапорте.