До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити славеше убедлива победа во последниот денешен натпревар од Премиер лигата против тимот на Свонси со 5:0.
Серијата голови за „граѓаните“ ја отвори Давид Силва во 12. минута, а веќе во 16тата беше 2:0 откако гол постигна Стерлинг.
Во вториот дел Сити постигна уште три погодоци. Кевин Де Брајн зголеми на 3:0, четвртиот гол беше дело на Бернардо Силва, додека конечниот резултат го постави Габриел Хесус.
Сити со оваа победа остана на плус 16 од Манчестер Јунајтед, додека пак Свонси сега дојде на само четири бода од опасната зона.















