Скандал на „Емирати“: Навивачите на Тотнем со расистички потег кон Обамејанг (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Големото дерби во северен Лондон понуди спектакуларен натпревар помеѓу Арсенал и Тотнем (4-2), но имаше и една лоша страна.

Двојниот стрелец во победата на „топчиите“ беше Пјер-Емерик Обамејанг, кој при прослава на головите беше гаѓан со банани.

Навивачите на Тотнем предизвикаа расистички скандал во Англија, па медиумите го критикуваат нивниот однос и се очекува реакција од Фудбалскиот сојуз на Англија.

Инаку, овој грозен потег на навивачите на Тотнем се случи во 56. минута кога Габонецот го прослави својот втор гол.