Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ќе испрати јануарска понуда за фудбалерот од одбраната на Фиорентина, Никола Миленковиќ.
21 годишниот фудбалер е редовен во тимот од Фиренца и константно покажува солидни настапи, постигнувајќи два гола во Серија А до сега.
„Скај Италија“ дознава дека Жозе Мурињо бил заинтересиран да го донесе Миленковиќ во јануари со цел да ја зацврсти одбраната која прими дури 21 гол на 12 натпревари во Премиер лигата.