Скај Спортс објавува- Јуве го враќа Мората


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Најугледниот англиски медиум пренесува дека од редовите на Јувентус посакуваат да го вратат Алваро Мората во своите редови ова лето.

Тимот од Торино ќе остане без Марио Манџукиќ, а замената за Хрватот планираат да ја доведат од Лондон.

Мората помина две сезони во Јувентус, од 2014 од 2016 година и остави сериозна трага во „старата дама“. 25 годишниот фудбалер потоа се врати во Реал Мадрид од каде за 75 милиони евра се пресели во Челси.

Сепак, Шпанецот не се изнаигра во Англија, па веројатно ќе бара нова средина за следната сезона. Во едно интервју Мората дури изјави дека се кае што си заминал од Јувентус.