Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Извори на „Скај Спортс“ потврдуваат дека од таборот на Челси влегле во преговори со Интер околу трансферот на Матиас Весино.
Италијанскиот клуб за интернационалецот од Уругвај кој играше на Светското првенство во Русија бара 32 милиони фунти.
26 годишниот фудбалер играше под водство на Маурисио Сари во Емполи во сезоната 2014/15 и беше еден од најдобрите играчи на Интер минатата сезона каде на 29 настапи запиша три погодоци.
Сари веќе донесе две засилувања во имињата на Жоржињо и Роберт Грин, а Весино се очекува да биде третото засилување за искусниот стратег. Со неговото носење ќе се стави сигурен крај на престојот на „Стемфорд Бриџ“ на Дени Дринквотер.