Словенците разочараа: Фројнд стигна до победа


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Германскиот скијач Северин Фројнд победи во Финска.

    Тој со скоковите од 146 и 138 метри освои вкупно 290.6 бодови, а тоа му беше доволно за првото место пред Тандре. Тој скокна во првата серија 131.5 метри, а во втората успеа да стигне до 139 метри и собра вкупно 279 бодови.

    На победничкиот подиум се врати и Мануел Фетнер кој имаше 273.3 поени.

    Словенечките скијачи денес разочараа. Петер Превец беше 7-ми, а неговиот брат Домен заврши на 13-то место.