Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Хамес Родригез во моментов е повреден и се очекува да се врати на теренот на средината на декември, но би можел наскоро да го напушти Баерн Минхен.
Наводно, Баварците ќе му дозволат на 27-годишниот Колумбиец да ја заврши позајмицата и да се врати порано во својот матичен клуб, Реал Мадрид.
Родригез влезе во втората сезона од својата позајмица во Баерн, која Баварците ги чинеше 13 милиони евра, а актуелниот шампион на Германија има опција да го купи за 42 милиони евра наредното лето.
Сепак, германските медиуми пишуваат дека такво нешто нема да се случи, односно Баерн нема да ја активира споменатата клаузула.
Меѓутоа, ниту Реал Мадрид не го сака Хамес, па тие би можеле да го испратат во Јувентус за 42 милиони евра.
Колумбиецот во досегашниот дел од сезоната постигна три гола и запиша две асистенции во 11 натпревари за германскиот тим.