До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Убедливите 5:1 на Енфилд против Хал ги доведоа Редсите на четвртото место во Премиер лигата, но освен резултатот навивачите на Ливерпул мора да се радуваат и на начинот на кој екипата на Клоп доаѓа до нив.
Ливерпул игра добро, агресивно, брзо, а тоа што Клоп од почетокот го бараше, висок пресинг, го доведе до совршенство. Дека тоа е убав показател и почетокот на саботниот натпревар против Хал каде што играчите на домаќините направија страшен притисок на одбраната на Тигрите.
Очигледно дека екипата на Клоп чекаше за топката да дојде до Џек Ливермор, 26-годишниот стопер на Хал, а тогаш следеше вистински напад.
Два играчи одма тргнаа на него, дополнителни двајца го затворија просторот за додавање, а одеднаш се појави уште еден играч во црвено. На играчите на Хал не остана ништо друго туку да ја исфрлат топката надвор од теренот.















