Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се е поизвесно дека Оле Гунар Солскјер ќе остане во Манчестер Јунајтед и следната сезона, можеби и голем број следни доколку има добри резултати со овој тим.
Сега веќе може да ги крои плановите за следната сезона и за летниот преоден рок од кој многу ќе зависи.
Дали стоперот од 100 милиони евра е решение или таа сума Солскјер ќе ја пренасочи кон други цели?
Јасно е дека приоритет е стопер, но Солскјер се откажа од тоа и има намера да купи крилни играчи, а како што се наведува постои листа од неколку играчи за кои е заинтересиран.
Први меѓу нив е Џејдон Санчо, младиот фудбалер на Борусија Дортмунд кој оваа сезона докажа дека се работи за неверојатен потенцијал и играч кој би можек да биде една од најголемите ѕвезди на овој спорт во иднина.
Овој 18-годишен фудбалер веќе ја воодушеви Германија, но и Европа, па многумина го поставуваат прашањето кога ќе премине во посилен клуб од Борусија Дортмунд.
Цената му е околу 100 милиони евра, можно е Борусија да бара и повеќе од тоа, па останува да се види дали тоа ќе претставува проблем за Манчестер Јунајтед.
Не е тоа се, Манчестер Јунајтед има понуда и од фудбалери кои играат на тие позиции, а „Дејли Меил“ денес ја пренесува информацијата дека на „Олд Трафорд“ би можел да пристигне и Филипе Кутињо, фудбалерот на Барселона кој е очаен во овој дел од сезоната и кој не се снајде најдобро во сегашниот клуб.
Покрај нив, се споменува повторно Иван Перишиќ, но и Даглас Коста, тие двајца би можеле да бидат план Б и Ц доколку не пристигне Санчо. Што се однесува до Кутињо, прашање е дали Манчестер Јунајтед воопшто го сака по слабата сезона во Барселона.