Солскјер добива неочекувано засилување: Холандски репрезентативец од утре повторно на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер ќе добие неочекувано засилување во одбраната откако од таборот на Фулам се решија да ја прекинат позајмицата на Тимоти Фосу Менза.

Фосу Менза сезоната ја започна како фудбалер на Фулам и редовно играше во првиот тим на клубот од „Кревин Котиџ“, но по тренерската смена на Славиша Јокановиќ и доаѓањето на клупата на Клаудио Раниери, младиот фудбалер ќе се врати во Манчестер Јунајтед.

Ваквиот чекор од Фулам го прават за да ослободат место за Гери Кејхил кој би пристигнал во клубот исто така како позајмен фудбалер.

Дека Менза ќе се врати во Манчестер Јунајтед потврди и тренерот на Фулам, Клаудио Раниери.

Оваа сезона Фосу Менза одигра девет натпревари во дресот на Фулам, а минатата година беше редовен во тимот на Кристал Палас каде исто така играше како позајмен фудбалер.

Се очекува Солскјер да му даде шанса на 21 годишниот фудбалер веднаш по неговото враќање на „Олд Трафорд“