Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ја освои титулата во Ф1 со второ место на последната трка во Абу Даби, на која успеа да победи Луис Хамилтон.
Розберг до најголемиот успех во кариера требаше да се качи на подиумот, а тоа му успеа и ја заврши сезоната со 5 бодови предност повеќе од Хамилтон.
Хамилтон на затворањето на сезоната стигна до 11-та победа во оваа година и успеа да направи се за да го спречи Розберг да му ја одземе титулата, но не успеа во тоа.
31-годишниот Германец на тој начин го повтори успехот на својот татко Кеке, кој во 1982 година ја освои својата единствена титула во Ф1. Розберг стана 3-от светски шампион од Германија, по Михаел Шумахер и Себастијан Фетел.
Розберг сезоната ја заврши со 10 победи, 5 втори места и 2 трети. Само една трка не успеа да заврши – таа во Шпанија, а на останатите трки најлош резултат му беше 7-то место на улиците на Монте Харло.
Хамилтон по 2-те титули во претходните 2 години мораше да се задоволи со фактот дека мора да биде вице-шампион, а најблиску до 2-та возачи на Мерцедес беше возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.












