ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира до крајот на преодниот рок да донесе засилување од Реал Мадрид.
Португалецот не е задоволен со игрите на својот тим во последно време и планира да донесе ново засилување во средината на теренот.
На неговиот радар се наоѓа хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ за кој Мурињо смета дека би бил идеално решение во средниот ред. Како што пренесува „Дон Балон“, Зидан не сака да остане без Ковачиќ, но Манчестер Јунајтед е подготвен да плати големи пари за услугите на младиот фудбалер.