Срамно: Украдена ѕвездата на Пандев од плоштадот во Струмица (ФОТО)

Денеска се случи несекојдневен настан на плоштадот во Струмица, откако крадци ја украле ѕвездата, која била поставена во чест на Горан Пандев.

Општината испрати соопштение до јавноста преку својот Фејсбук, а случајот бил претходно пријавен и во полицијата.

„На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска, ја снема ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев. Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад. Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот ќе го пријави во полиција“, напишаа на фејсбук-профилот на Општина Струмица.