Станковски назначен за нов тренер на Работнички


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Работнички експресно реагираа по оставката на Виктор Треневски и за нов тренер го именуваа Горан Станковски, досегашен тренер во младинските категории на клубот.

„Одлуката на раководството е нов тренер на Работнички да биде прославеното наше фудбалско име Горан Станковски. Се одлучивме за поранешен фудбалер на Работнички, репрезентативец на Македонија со исклучителна кариера. Станковски покрај одличната кариера како фудбалер, веќе има потврда на својот професионален капацитет и како тренер. Како тренер водејќи ги младинските категории на клубот стигна и до титула во првенството и Купот во својата категорија. Токму поради тоа  се одлучивме да му дадеме доверба со надеж за подобри резултати сезонава“ – истакна претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Во стручниот штаб остануваат досегашните помошници на Треневски, Милан Илиевски и Славчо Георгиевски како први асистенти, како и тренерот на голманите Драги Атанасовски.