„Старата дама“ ќе нема конкуренција: Јувентус гради тим од соништата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус е во преговори со Кансело, а наскоро се очекува реализирање на трансферот на Кристијано Роналдо, кој треба да пристигне за 100 милиони евра.

Италијанците прават тим од соништата, Роналдо ќе игра во шпицот, а замена ќе му биде Манџукиќ, а сигурно е и дека Алегри ќе игра со тројца во нападот. Даглас Коста од едната и Пауло Дибала од другата страна.

Средниот ред останува непроменет, можно е да пристигне Рабио, иако тоа не е приоритет, Емре Џан, Матуиди, Пјаниќ, Кедира и Бентанкур ќе биде во конкуренција, а најмногу промени ќе доживее одбраната. Бенатија останува, Калдара доаѓа од Аталанта, Кјелини и Барзаљи, но се бара и уште еден стопер.

Годин сака во Јувентус, но Симеоне нема да го пушти, па поради тоа „старата дама“ се фокусира на Де Лихт. Десно ќе играат Квадрадо или Кансело, а лево ќе биде проблем само ако го продадат Алекс Сандро.

И на крајот Перин или Шчесни ќе се борат за место помеѓу стативите.