Стерлинг се согласил на нов договор, ќе заработува неверојатно многу пари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рахим Стерлинг се согласил да потпише нов повеќегодишен договор со Манчестер Сити кој ќе го задржи на „Етихад“ во следните пет години.

„Дејли мејл“ дознава дека Стерлинг ќе добие по 300.000 фунти неделна плата и со тоа ќе стане најскапо платениот англиски фудбалер.

Наводно, Пеп Гвардиола притискал да се потпише нов договор со Стерлинг кој досега заработуваше 180.000 фунти неделна плата.