Стерлинг со хет-трик му донесе победа на Манчестер Сити (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити славеа сигурна победа против Вотфорд на домашен терен со 3:1.

„Граѓаните“ до нова победа ги предводеше Рахим Стерлинг кој одигра феноменален натпревар запишувајќи хет-трик зад своето име.

Во првиот дел немаше голови, но затоа веднаш на стартот на вториот дел Сити го отвори резултатот. До 59. минута домашниот тим веќе имаше постигнато три погодоци со кои запиша нови три бода.

Почесниот погодок за гостинскиот тим беше дело на Џерард Делуфеу  во 66. минута.