Стоук ја донесе замената за Марко Арнаутовиќ

Стоук го потврди трансферот на напаѓачот Ерик Максим Чупо Мотинг кој на „Британиа“ доаѓа како слободен агент.

Камерунскиот интернационалец минатата сезона настапуваше за Шалке 04, а во редовите на Стоук доаѓа како замена за Марко Арнаутовиќ кој го засили тимот на Вест Хем.

Ерик Чупо Мотинг со клубот предводен од Марк Хјуз потпиша тригодишен договор.