Страшен проект се подготвува: Меси и Роналдо ќе играат во иста екипа од 2020!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дејвид Бекам пред неколку години го најави својот амбициозен проект за новиот тим Интер Мајами, во кој сака да ангажира врвни фудбалски имиња, а американските медиуми денеска објавија приказна, која го „стресе“ светот.

Кристијано Роналдо и Лионел Меси постојано се главна тема на светските медиуми, а денеска беа на американските, зашто беше објавено дека тие двајца најверојатно ќе играат заедно во дресот на Интер Мајами од 2020 година.

Тоа значи дека по долги години жестоко ривалство на терените, двајцата фудбалери би можеле да облечат ист дрес. Колку и да звучи неверојатно, сепак Бекам тоа го потврди за медиумите.

„Секој има своја листа со желби. Кога ќе ги погледнете Кристијано и Лео како играат, тие ви изгледаат дека нема никогаш да запрат. Тие играат на врвно ниво и тешко може да ги замислите дека наскоро ќе ги напуштат нивните клубови, сепак никогаш не се знае. Ние бараме добри фудбалери кои би ја напуштиле Европа и би се преселиле во САД“, кажа Бекам.