Страшни вести за навивачите: Аргентинец нема да игра фудбал во наредните 15 месеци!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мануел Ланѕини е вистински малер. Откако стигна во Вест хем имаше седум повреди, па пропушти 31 натпревар, а најверојатно и следната сезона нема да настапува.

Новиот тренер на Вест хем, Мануел Пелегрини кажа дека Ланѕини не може да игра фудбал во наредните 15 месеци. Би требало да се врати на терените во септември 2019. година.

Во меѓувреме, 25-годишниот креативен фудбалер ќе мора да се рехабилитира од повредата на коленото, поради која го пропушти Мундијалот во Русија.

Ланѕини се повреди на тренингот на Аргентина на почетокот на јуни, а играчите плачеа кога паднал на теренот и сфатил дека нема да патува во Русија.