Судија од Манчестер ќе го суди дербито помеѓу Сити и Јунајтед, а познато е и за кого навива!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Денеска од 17.30 часот се игра големото дерби од 12. коло во англиската Премиерлига помеѓу градските ривали Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Како никогаш претходно Сити го пречекува Јунајтед како голем фаворит, но тимот на Жозе Мурињо во Торино покажа дека може да се спротистави на секого.

Многу се шпекулираше за тоа кој ќе го суди главното дерби, а сега е познато дека тоа ќе биде Ентони Тејлор, кој е претставен како „голем навивач на Манчестер јунајтед“.

Еден куп навивачи на „граѓаните“ покажаа загриженост зашто дербито ќе го суди токму Тејлор, но сигурно ќе се обиде да го даде својот максимум и да ги задоволи двете страни.

Инаку, Жозе Мурињо пред две години беше казнет со 50.000 фунти при гостувањето кај Ливерпул, зашто тогаш кажа дека Тејлор ќе биде под надгледување и притисок затоа што потекнува од Мначестер.

Последен пат Тејлор предводеше дуел на „Итихад“ пред две години кога Сити со 3-1 го победи Челси.