Сè е подготвено за првиот меѓународен олимписки маратон во Охрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сè е подготвено за стартот на првиот меѓународен олимписки пливачки маратон на 10 километри Охрид 2017 кој во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид ќе се одржи денес во водите на Охридското езеро на потегот од Старото пристаниште до хотелот „Милениум“.

На вчерашниот технички состанок претставници на организаторот и официјалните лица на ФИНА  ги запознаа пливачите, судиите и техничките лица со пропозициите за утрешната трка и ја истакнаа подготвеноста за старт на Олимпискиот Пливачки Маратон.

12 пливачи од 6 земји, 10 во машка и 2 во женска категорија ќе ги брануваат водите во Охридското езеро, со старт во 12 часот за мажи и 5 минути подоцна за жени. Пливачите синоќа и официјално беа претставени пред охриѓани и гостите на градскиот плоштад во Охрид.

Овој спортски настан воедно претставува и испит за организаторот со можност од идната година Охрид да биде домаќин на свески куп во олимписки маратон и место каде би се одржувале квалификации за пливачи за учество на олимпијадата во Токио 2020 г.

Организаторите упатуваат покана до охриѓани и гостите да уживаат во прекрасната спортска манифестација. Конкуренцијата на пливачи ветува возбудлива и неизвесна трка.