Таткото на Ѓоковиќ со критики: Федерер е голем тенисер, но мал човек!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Таткото на Новак Ѓоковиќ не го смени мислењето за Роџер Федерер, иако Швајцарецот во последно време е во одлични односи со Србинот.

Неодамна беше одржан „Лејвер купот“ во Чикаго, каде што Федерер и Ѓоковиќ покажаа колку се почитуваат.

Тие беа во ист тим, а сведочевме и на ситуација кога Швајцарецот беше во улога на тренер на Ѓоковиќ.

Сепак, тоа не го смени мислењето на таткото Срѓан Ѓоковиќ за најтрофејниот тенисер во светот.

„Кажав дека Федерер е голем шампион, но мал човек. Тоа го мислам и денес, би сакал да грешам, но тоа е вистината“, кажа Срѓан.