Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец, Охрид, викендов ќе учествува на меѓународниот ИТФ турнир од А класа, „Босна Опен 2018“ кој ќе се одржи во Добој, Босна и Херцеговина.
Овој турнир традиционално е еден од најквалитетните турнири за есенската сезона. На истиот под водство на Марјанчо Лазаревски (црн појас, 4 дан) натпреварувачите од ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец, ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе учествуваат и за специјални техники и тест на сила.
„Се надеваме дека и овој пат претставниците на ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец ќе не претстават во најдобро издание и ќе не направат да се чувствуваме горди“- истакна тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.