Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер, Надал призна дека 2016-та година била тешка за него.
Надал го повреди зглобот на раката на Ролан Гарос, па поради тоа го пропушти и Вимблдон.
Се врати на ОИ во Рио, но сеуште не игра на нивото со кое освои 14 Гренд Слем титули.
„Беше ова тешка година за мене. Се повредив во најлош момент, па тоа ми ја отежна ситуацијата. Сепак, морам да кажам дека имав добро враќање. Одиграв одлично на ОИ во Рио.“
Многумина се прашуваат дали Шпанецот ќе успее да се врати во поранешната форма, а тој верува во тоа.
„Ќе се обидам да се вратам на поранешното ниво, да се чувствувам подготвен за игра. Тоа е моја цел во моментот.“