Тиаго Силва остана лојален на Парискиот клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер, Тиаго Силва го продолжи договорот со ПСЖ до летото 2020. година.

Силва за време на претходните месеци се поврзуваше со трансфер во Серија А, а заинтересирани беа Милан и Јувентус.

Сепак, 32-годишниот Бразилец на крајот одлучи да остане лојален на ПСЖ и потпиша нов договор.

„Големо ми е задоволството што го продолжив договорот со ПСЖ. Пронајдов одличен клуб во кој можам да напредувам. Многу сум горд што сум капитен на тимот кој освои се што можеше да се освои во Франција во последниве две години и заработи голем респект ширум Европа поради настапите во ЛШ“, изјави Тиаго Силва за официјалниот сајт на ПСЖ.

Потсетуваме дека тој во ПСЖ пристигна во 2012. година од Милан, а пред тоа, меѓу останатите, играше за Флуминенсе и Јувентуде.