„Титулата ќе ја освои Розберг“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Австралискиот возач, Даниел Рикардо смета дека титулата во Ф1 ќе ја освои Розберг.

    Рикардо, кој е 3-то пласиран во генералниот пласман, предност му дава на Розберг во однос на Хамилтон.

    „Луис беше во одлична серија и мислеше дека никој ништо не му може. Меѓутоа, Нико се врати. Би се обложил дека Розберг ќе ја освои титулата.“

    Возачот на Мерцедес, Розберг е 1-во пласиран со 273 бодови додека Луис Хамилтон има 8 бодови помалку.

    Наредната трка од Ф1 се вози на 2-ри октомври.