Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Вест Бромвич Албион денеска соопштија дека е прекинат договорот со нивниот тренер, Тони Пјулис.
Пјулис заработи отказ по серијата лоши резултати и четирите порази во низа. Сметајќи ги и натпреварите од минатата сезона, ВБА има победено само на два од 21 натпревар. Со тоа клубот е само на еден бод над зоната за испаѓање, па логично беше од клубот да побараат решение за лошите резултати.
59 годишниот Пјулис три години беше предводник на Вест Бромвич, а по неговиот отказ клубот привремено ќе го води неговиот досегашен асистент, Гери Мегсон.
Интересен е фактот што Тони Пјулис набрзо може да добие нова работа со оглед на фактот што е еден од главните кандидати за селекторската позиција во Велс.