ТОП ЛИСТА – Ливерпул на промашувани инвестиции потроши преку 100 милиони!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Враќањето на Лазар Марковиќ на Островот послужи како добар провод да се направи листа на најголеми промашувања кој Ливерпул ги правеше на трансфер пазарот во минатите години.

10. Јаго Аспас – Кога во 2013 година стигна на Енфилд за сума од околу 9 милиони фунти навивачите веруваа дека Аспас ќе биде одлично засилување.

На почетокот беше сосема солиден но подоцна следеше криза поради што Брендан Роџерс се одлучи да го испрати на позајмица во Севиља.

Јаго Аспас моментално настапува за Селта од Виго и е четврти стрелец во Примера со 11 голови.

9. Стјуарт Даунинг – Стигна во јули 2011 година и беше едно од засилувањања што го сакаше Кени Далглиш.Се шпекулираше дека е платен околу 20 милиони фунти. Две години подоцна, во август 2013 година е продаден за околу 5 милиони.

8. Давид Нгог – Во ерата на Рафа Бенитез Дејвид Нгог требаше да делува како втора опција кога на Фернандо Торес не му оди или е повреден.

Наговести Нгог дека има потенцијал но за три години на 63 натпревари постигна само 9 голови што е просек од еден гол на секои седум натпревари. Јасно е зошто после Ливерпул заврши во Болтон.

7. Ел Хаџи Дијуф – Сенегалецот е најдобар пример како поедини клубови „трчаат“ за некој играч после што ќе “експлодира“ на некое меѓународно натпреварување.

После Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја Редсите искешираа околу 10 милиони фунти за Сенегалецот а учинокот од три гола на 55 настапи доволно зборува колку тоа беше паметен потег.

6. Чарли Адам – Ливерпул го ангажираше во јули 2011 одина за сума од 6.75 милиони фунти од Блекпул. На почетокот играше важна улога во тимот кој го води Кени Далглиш но екипата западна во резултатска криза поради што и шкотскиот интернациналец го плати цехот. Некои мислеа дека левата нова на Чарли Адам само вреди 10 милиони фунти но не и Далглиш кој во август 2012 година го продаде на Стоук за 4 милиони евра после само 28 настапи за Редсите.

5. Фернандо Мориентес – Кога доведувата напаѓач од Реал Мадрид малку се тие кои мислат дека правите грешка и дека работите може да тргнат по лошо. Токму тоа се случи во случајот со Фернандо Мориентес кој на 60 настапи постигна 12 голови. Можеби и не е така лош учинок но очекувањата изгледа беа многу поголеми од играч со такво педигре.

4. Роби Кин За легендарниот репрезентативец на Република Ирска трансфер во Ливерпул би било остварување на соништата но од друга страна тоа беше едно од најголемите промашувања на Црвените во нивната историја. Ливерпул го плати 20 милиони фунти а го напушти клубот после шест месеци и 17 одиграни натпревари.

3. Лазар Марковиќ – Факт е дека парите со кои е платен српскиот интернационалец е добиен од трансферот на Луис Суарез во Барселона една од причините што навивачите на Ливерпул сеуште ги боли кога ќе се спомене неговото име. Маркец стигна од Бенфика во 2014 година но од тогаш повеќе време поминуваше на позајмица бидејќи не успевеше да ги оправда очекувањата.

2. Алберто Аквилани – Италијански „Маестро“ е проектиран како замена за Чаби Алонсо но повредите го уништија. Членот страдаше недолго после што се приклучи на клубот а подоцна ни промената на менаџерот не доведе до подобрување на статусот кој Аккилани го имаше на Енфилд.

После позајмицата во Ливерпул заврши во Фиорентина.

1. Андреа Досена – Постигна само два гола за Ливерпул и тоа против Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Освен тоа, се останато што Досега го направи на Енфилд паѓа во заборав па вложените 7 милиони фунти делуваат како фрлени пари.

Надвор од секоја конкуренција на крајот остана Енди Керол, човекот чиј трансфер го шокираше светот.

Редсите останаа без херојот „Копа“ Фернандо Торез, а работите станаа уште потрагични кога клубот издвои 35 милиони фунти за напаѓач кој со многу пехови успеа да собере 11 голови на 58 натпревари.

Поранешниот напаѓач на Њукасл никогаш не ги оправда вложените пари поради што Брендан Роџерс се одлучи да се реши. Во текот на летниот преоден рок во 2013 фодина Керол заврши во Вест Хем.

На споменатата листа може да се најдат уште некои играчи, како Марио Балотели, Кристијан Поулесен, Пол Кончески и други…

Факт е дека на Енфилд во последните петнаесетгодини потрошија преку 100 милиони фунти на играчи кои потфрлија иако многу од нив во одредени моменти, но во некои други клубови, докажаа дека вредат.