Тотенхем плаќа 50 милиони фунти за играч на Фулам


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дејли Мирор“ во своето денешно издание пишува дека од таборот на Тотенхем ќе се обидат во летниот преоден рок да го донесат 18 годишниот вундеркинд на Фулам, Рајан Сесењон.

Играчот кој може да покрие неколку позиции на теренот игра стандардно во Премиер лигата оваа сезона, а минатата година беше еден од клучните играчи на тимот кој тогаш се пласираше во најсилното англиско натпреварување.

Се верува дека од Тотенхем се подготвени да издвојат околу 50 милиони фунти за неговите услуги.

За Рајан Сесењон минатата сезона се интересираше и Манчестер Јунајтед, но наводно „ѓаволите“ се откажале од намерата за негов ангажман.