Тотнем нема да ризикува – ја активираше клаузулата на една од своите ѕвезди! (ФОТО)


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Тотнем игра фантастично сезонава, па се наоѓа на третата позиција во Премиерлигата, со шест бода помалку од лидерот Ливерпул, а иако летоска воопшто не се засили, сега реши да продолжи договор со еден од најважните фудбалери.

Во последните недели се шпекулираше дека Тоби Алдервејрелд ќе замине од Лондон, зашто не сака да го продолжи договорот со Тотнем и го привлече интересот од Манчестер јунајтед.

Сепак, Јунајтед ќе мора да бара на друго место, зашто лондонскиот гигант ја активираше клаузулата во договорот на Алдервејрелд, кој ќе остане во клубот до 2020 година.