Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американскиот УФЦ борец Џош Саман почина на 28 години по предозирање со наркотици.
Според медицинскиот центар во Мајами, тој пред 5 денови бил примен во болница, а вчера бил прогласен за мртов. Бил направен и токсиколошки извештај, а причина за смртта е преголема доза на наркотици.
Покрај Саман, од иста причина почина и неговиот пријател Трој Киркинбург.
Саман се натпреваруваше од 2007 година и од тогаш има 12 победи и 4 порази. Напиша и биографија во која ја опиша својата борба со наркотиците, а имал и лична трагедија во 2013-та година кога неговата девојка Хејли Бевис починала во сообраќајна несреќа.