Трансфер на кариерата во најава:  Најдобриот фудбалер на Партизан на мета на Торинезите


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Покрај трансферот на Дарко Брашанац во шпански Бетис, најмногу внимание кога се во прашање летните заминувања од Партизан привлече и трансферот на младиот играч за врска Саше Лукиќ во Торино.

    Партизан од трансферот на Лукиќ заработи блиску милион и пол евра, а според најновите информации наскоро може да дојде до реализација на уште еден трансфер на црно-белите со италијанскиот клуб, со оглед дека во Торино „фрлија око“ и на најдобриот играч на Партизан од претходната полусезона Немања Михајловиќ.

    Таа информација за „Журнал“ ја потврди и Мирослав Тањга, некогашен дефанзивец на Војводина и Црвена звезда, а денес скаут на Торино.

    „Немања Михајловиќ е интересен играч. Толку засега“, збунувачки е Тањга.

    Тој сепак нагласува дека во Торино веќе внимание посветуваат на ангажирање на искусни играчи.

    „Торино не е Милан, не може да истрпи десетмина млади играчи. Еден, двајца може, да се калат во Примавера. Метите ни се веќе профилирани играчи, според амбициите на клубот“, објасни Тањга.

    Проблем е, меѓутоа, што Михајловиќ во оваа сезона и понатака е далеку од игрите кои ги прикажуваше во текот на пролетта, па доколку не ја подобри формата, прашање е само колку овој почетен интерес на Торино ќе потрае.