Трајковски со нова асистенција, Палермо есенски шампион во Серија Б (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски имаше одличен настап во последниот меч на Палермо годинава, па со асистенција помогна во триумфот од 1-0 против Читадела.

Трајковски беше важен дел од екипата во текот на целиот меч, а во 51. минута му асистираше на Цезар Фалети, кој погоди за конечни 1-0.

Палермо е лидер на табелата со 37 освоени бодови, односно пет повеќе од второпласираната Бреша.