Тргнете се шефот да заигра: Клоп ја загреа атмосферата на новогодишната забава

Германецот Новата година ја дочека со стил во еден клуб, каде настанало ова видео кое стана вирален хит.

Додека во позадина одеше големиот хит на Џеј Зи и Бијонсе „Deja Vu“, Клоп покажа што знае на подиумот за танцување.

Тој има причина за славење, со Ливерпул се први на табелата во Премиер лигата и игра сезона без пораз, а во четврток следи дербито на првенството против Манчестер Сити.