Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Виктор Треневски повеќе не е тренер на екипата на Работнички откако денеска си поднесе оставка од функцијата во клубот.
Причина за ваквата одлука на Треневски е слабиот старт на сезоната за Работнички кој по првите шест кола има само една победа.
Треневски својата одлука ја соопшти на прес конференција која денес беше свикана во клупските простории на Работнички.
„Сакам да ја известам спортската јавност дека поднесувам неотповиклива оставка на тренерската функција во Работнички. Согласно слабите резултати на тимот и амбициите на клубот да биде меѓу позициите при врвот мислам дека треба јас да ја сносам одговорноста како шеф на стручниот штаб. Работнички е голем клуб, му посакувам се најдобро, ја заокружувам работата од овие 13 месеци која беше навистина одлична. Беше релативно успешно во изминатиот период, нема да го оценувам периодот низ овие четири натпревари, но не тргнавме најдобро и во моментот е најважно да се направи ете еден позитивен шок, да си заминам. Тоа е моја одлука и секој тренер во еден ваков клуб треба да си ја понесе“ – истакна Виктор Треневски, кој денеска и официјално ќе се збогува и од фудбалерите и стручниот штаб на тимот.