Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми на 8ми септември се врати на тренинзите на клубот по забраната од УЕФА за играње фудбал.
Како што е познато Адеми го доби спорот со УЕФА, но додека траеше целиот процес поминаа речиси две години, а нашиот репрезентативец не смееше ниту да тренира, ниту да игра фудбал.
По речиси две години надвор од терените Адеми бурно беше пречекан на првиот тренинг за Динамо Загреб, а како што кажува тренерот на Динамо, Марио Цвитановиќ, Адеми полека се враќа во форма.
„Со него (Адеми) и со неговата состојба сум многу задоволен. Видете, тој не играше речиси две години, тоа е многу време! Се виде на првите тренинзи дека се уште трепери и дека се уште е под притисок. Ми се чини дека тие денови беше малку несигурен, што е логично, ни сам не знаеше како ќе изгледа по две години надвор од теренот. За мене е изненадувачки што веќе сега достигна толку високо ниво, но сите знаеме дека му требаат уште тренинзи и натпревари за да биде оној вистинскиот. Голем оптимист сум за неговиот случај, сите го очекуваме назад“- коментираше Марио Цвитановиќ.