Трипл-дабл на Вестбрук: Дурант и Кари брилијантни


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во богата ноќ помеѓу петок и сабота на НБА паркетите беа одиграни 14 натпревари.

    Актуелниот шампион на Западот, Голден Стејт без проблеми го победи Лејкерс со 109:85, а најдобри беа Дурант со 29 и Кари со 24 поени.

    https://youtu.be/KINGZoo3x1s

    Кошаркарите на Милвоки беа поразени на свој терен од Торонто со 105:99.

    Оклахома стигна до победа против Денвер со 132:129, благодарение на феноменалниот Расел Вестбрук кој повторно стигна до трипл-дабл, вкупно 6-ти во сезоната.

    https://youtu.be/ZO4wYAPAAqk

    Останати резултати:

    Орландо – Вашингтон 91:94
    Кливленд – Далас 128:90
    Детроит – Клиперс 108:97
    Њујорк – Шарлот 113:111
    Филаделфија – Чикаго 89:105
    Индијана – Бруклин 118:97
    Мемфис – Мајами 81:90
    Милвоки – Торонто 99:105
    Јута – Атланта 95:68
    Денвер – Оклахома 129:132
    Феникс – Минесота 85:98
    Портланд – Њу Орлеанс 119:104
    Лејкерс – Голден Стејт 85:109
    Сакраменто – Хјустон 104:117