Туран се враќа во Турција


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Турскиот репрезентативец Арда Туран во следните денови и официјално ќе си замине од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во родната Турција.

Туран оваа сезона не одигра ниту една минута во дресот на Барселона, а Валверде одлучно му порача да го напушти клубот доколку сака неговата кариера да не доживее целосен крах. Турчинот имаше неколку интересни понуди од Англија и САД, но проблемот е што бараше преголема плата.

Платата не е проблем за тимот на Басакшехир кој е подготвен да го донесе Туран во своите редови. Преговорите се во тек, а тоа го потврди и тренерот на клубот, Абдуал Авичи: „Трансферот на Арда официјално ќе биде потврден во четврток или петок. Тоа не беше лесен договор, а Арда беше мета на нашиот клуб со години.“

Дека трансферот е пред реализација потврди и агентот на Туран, Ахмет Булут кој истакна дека нема да се разгледуваат други понуди.