УЕФА со жестока казна за Лион поради расизам!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот гигант Лион се соочи со жестока казна од УЕФА поради лошото однесување на група од своите навивачи на дуелот против ЦСКА Москва минатата сезона во Лигата на Европа.

На натпреварот кој се играше во Лион, домаќините користеа пиротехнички материјали, но и расистички навреди на сметка на фудбалерите од Москва.

УЕФА го казни Лион со 100.000 долари и еден домашен натпревар ќе мора да играат пред празни трибини, па така францускиот клуб својот прв меч во Лигата на шампиони ќе го игра без публика.

Освен тоа, Лион доби и условна казна дека доколку го повтори инцидентот во наредните две години би можел да добие и суспензија.