Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според медиумите, Хектор Белерин е спремен да гo направи животот потежок за Арсенал и неговите фанови, обидувајќи се да изнуди трансфер во Барселона, откако тој ќе се врати во Лондон, од Европското Првенство за фудбалери до 21 година следната недела.
Шпанецот беше поврзуван со неговиот матичен клуб Барселона веќе подого време, но оваа лето шпекулациите се погласни и веројатно каталонскиот гигант конечно ќе го добие толку посакуванот десен бек, кој и тоа како им фали.
Белерин го сметаат како еден од најдобрите бекови, не само во Премиер Лигата, туку и пошироко, па така Барселона не само што би си го вратила своето загубено дете туку и би имала десен бек за наредните 10 години.
Иако Белерин се истакна на социјалните мрежи пред некое време и напиша „ Не верувајте се што ќе прочитате“, така велеше и Сеск Фабрегас, на на крајот тој потпиша за својот клуб од детството, а и згора на тоа шанскиот весник „Мудно Депортиво“ тврди дека Барселона оваа лето ќе направи се за да го ангажира Хектор.