Умтити си заминува од Барселона, Каталонците немаат ништо против да го пуштат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доста изненадувачки вести доаѓаат од Шпанија и говорат дека Самуел Умтити би можел да си замине од клубот следното лето.

Наводно, Каталонците биле подготвени да го пуштат францускиот репрезентативец да замине, но само ако во своите редови го донесат стоперот на Ајакс, Де Лигт.

Умтити има договор со Барселона до 2023 година и покрај Пике е најдобар стопер на клубот од „Камп Ноу“.

За неговите услуги постои интерес од Манчестер Јунајтед кој бара стабилен стопер на трансфер пазарот.