Управата ќе реагира побрзо од очекуваното: Избројани деновите на Сари во Лондон…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека на Сари му се случи она што и на претходниците, ќе го сменат играчите.

Тој секако бил известен што им се случувало на претходниците и каква моќ имаат во клубот играчите, односно нивните агенти, и се обиде како и Конте тоа да го промени.

Но, едноставно е невозможно. Бидејќи, во Ливерпул или Сити, агентите немаат никаков пристап до тренерот кој има поддршка од сосптвеникот, но секако е заменлив.

Во Челси културата и поинаква.

Играчите се иритирани со некои изјави на Сари, не им се допаѓа тоа што тренингот наместо изутрина го имаат напладне, ги заморуваат долгите тактички состаноци и детали со кои Сари ги храни.

Еден од инсајдерите истакна дека тие се свесни дека Италијанецот наскоро ќе стане минато, но и дека нема никакво влијание во клубот, односно дека не може никој да го избрка.

Покрај тоа, на играчите не им е јасна тврдоглавоста на Италијанецот кој не менува ништо иако клубот доживеа два најголеми порази во последните триесеттина години.

Тој се држи до својата шема и нема план Б, кога работите одат во лоша насока.

Многумина сметаат дека управата ќе реагира брзо, бидејќи Челси и натаму игра во куповите, плус мора да стигне до четвртата позиција.