Урнебесно: Сите го копираат Деле Али, но ретко на кој му успева (Видео)

Во денешниот фудбал сведоци сме на многу „луди“ прослави на гол меѓу кои најмногу предничат младите англиски фудбалери.

Џеси Лингард редовно измислува нови прослави, а во тоа му помага и неговиот колега од Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Сепак, најчудната, а слободно може да се каже и најтешка прослава на гол ја имаше Деле Али кој на натпреварот од воведното коло во Премиер лигата против Њукасл. Англискиот репрезентативец на интересен начин го прослави погодокот, а начинот на прославата се обида да го копираат многу играчи, но и обични фанови.

Ретко кој успеа во предизвикот да го ископира Деле Али, а еден од оние кои го „фати“ неговиот трик беше токму Џеси Лингард.